Окружниот суд во Хасково му определи мерка притвор на 19-годишниот Хамза Дарлишта, македонски државјанин од албанско етничко потекло, обвинет за обид да пренесе лажни банкноти со вкупна вредност од 98,5 илјади евра преку граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница.
На 19 октомври цариниците во поставата на јакната на Дарлишта откриле 300 банкноти со номинална вредност од по 200 евра и уште 385 по 100 евра.
Според Судот, нема опасност тој да го повтори делото, но процениле дека постои ризик да се сокрие поради тежината на обвинението, странското државјанство и отсуството на траен престој и постојана адреса во Бугарија.
Жалба на одлуката на Окружниот суд во Хасково може да биде вложена пред Апелацискиот суд во Пловдив.