Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

 Петиција потпишана од 6.639 граѓани била доставена до Општина Гевгелија со која се бара враќање на симболот Сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија” кој се наоѓа пред театарот во градот, објави МКД,Мк.

Сонцето од Кутлеш од споменикот „Судени за Македонија“ беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце. Споменикот е поставен во 2013 година со одлука на општината.

„Како Македонци имаме должност да се бориме и да не дозволиме нашиот македонски народ да биде газен и понижуван. Ударот против нашето сонце и знаме е дрзок удар против целиот македонски народ,

Брусењето и вандализирањето на 16-кракото македонско сонце е највисок чин на антимакедонизам, кој ние нема да го толерираме. Ние Македонците сме дискриминирани и третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава. Доста беше молчење, доста беше понижување кон нашиот македонски народ, имаме должност да го кренеме нашиот глас и да се избориме на нашите права“, вели Димитар Џундев, кој ја почна иницијативата поддржана од 6.639 граѓани и неколку здруженија.

Во иницијативата се вели дека македонскиот национален симбол и симболот на Македонците во сите делови на Македонија, Сонцето од Кутлеш, било нелегално избрусено од општинските власти, односно вандализирано.
Постои одлука од Советот на Општина Гевгелија за поставување на споменикот со Сонцето од Кутлеш, но нема одлука за отстранување. Иницијаторите петицијата ја испратија и до Министерството за локална самоуправа, до Министерството за култура и до Државниот инспекторат за локална самоуправа. Одговорот е дека надлежноста е кај Општина Гевгелија.
Одговор од Општина Гевгелија околу ова прашае, не доби ни редакцијата на МКД.мк .
Споменикот „Судени за Македонија“ во Гевгелија е посветен на политички прогонуваните Македонци во периодот од 1945 до 1990 година, кои се залагале за независна македонска држава надвор од југословенската федерација.
Споменикот беше подигнат по иницијатива на Здружението на политички прогонуваните лица, со поддршка на Општина Гевгелија, а при неговото откривање, во 2013 година, било истакнато дека треба да се чува споменот на луѓето што биле прогонувани поради нивните политички убедувања и нивното залагање за независна Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top