Македонија е официјално вклучена на листата земји чиишто државјани можат да добијат туристичка електронска виза (e-Visa) или виза по пристигнување (Visa on Arrival) за Кралството Саудиска Арабија, информира македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.
„Со ова се овозможува поедноставена и побрза постапка за патување на македонските државјани, со значително намалување на административните процедури.
Новата можност отвора дополнителен простор за унапредување на туристичката размена, деловните контакти и севкупното поврзување меѓу двете земји“, се додава во соопштението.