Македонија

Експерти: Нема видлива причина за протести во Македонија

Ако има обиди да се увезат протестите, тука се Владата, министерството и службите тоа да го превенираат тоа, но автентични протести во Македонија нема да има

На 20 ноември во речиси цела Европа ќе се одржат големи протести. Организатор е новоформираната организација „Youth internacional strike“. Повод за протестите во 40 земји се војните кои се водат во Европа и на Блискиот Исток а доаѓаат во време на големи демонтрации во Албанија, Франција и Италија.

На 20 ноември протести ќе има во Германија, Франција, Италија, Белгија, Шпанија, Португалија, Грција, Австрија, Чешка, Велика Британија.

Maкедонија не е наведена.

Изјавата на Премиерот Мицкоски дека растечките тензии во Европа и на Балканот претставуваат ризик и за Македонија, предупредувајќи дека постојат можности за обиди регионалните проблеми да се прелеат во земјава е реална и на место – оценуваат дел од безбедносните експерти.

Мицкоски: На Балканот службите никогаш не престануваат да работат (ВИДЕО)

Националниот координатор за борба против насилен екстремизам и тероризам, Павле Трајанов смета дека генерално Македонија е мирна и стабилна држава, а разликата во другите држави каде има и насилни протести е тоа што долго време една иста партија или лидер опстојува на власт.

„Во Србија беа протестите каде Вучиќ е долго време на власт, кај нас актуелната власт е две години и неколку месеци, тоа значи дека уште е огромна поддршката на граѓаните и мислам дека овие прашања врзани за здравството, образованието, социјалните политики кои се доминатни или корумпираноста каде главен основ за протести во Албанија е корупцијата и нефункциноналноста на државата, засега не гледам такви основи и елементи за такви протести во Македонија“ изјави Трајанов за ТВ 24.

„Ако има обиди да се увезат условно кажано протестите, тука се Владата, министерството и службите тоа да го превенираат тоа, но автентични протести во Македонија мислам дека нема да има во догледно време колку што се моите информации, може да има протестите околу полагање правосуден испит тоа ДУИ може да го користи за протести на студентите Албанци итн, но генерално нема засега видлива причина за протести во Македонија“, смета Трајанов.

Безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски смета дека Македонија може да биде таргет за протести и рушење на легитимно избрана власт:

„Ние како држава сме таргет … може да се случат промени преку протести како што беше шарената револуција со цел тие странски служби кои одработуваат за некои држави на Балканот да се стекнат со идентитет кој не им припаѓа да предизвикаат повторно внатре проблеми со немири со рушење на легитимно избрана власт наместо  да излезат на избори па кој победи на избори нека си наметне негова политика итн, а не насилно спротивно на законите да врши рушење на легитимно избрани влади“.

Во говорот по повод празникот 23-ти октомври Премиерот Мицкоски меѓу другото посочи дека безбедносните служби во регионот постојано се активни и изрази загриженост дека одредени фактори би можеле да се обидат да ги пренесат регионалните тензии во Македонија.

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top