Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои ќе се имплементира технологијата на „Старлинк“.
Третиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата на „Старлинк“, со што ќе стане значително поконкурентен во однос на услугата, нагласи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешната објава на неговата Фејсбук-страница.
– Надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите држави каде што „Старлинк“ ќе се користи директно. Од она што имам како информација – многу, многу поевтини ќе се од двата постојни оператори – истакна Николоски.
Согласно договорот за концесија, новиот оператор требало до месец март да покрие најмалку еден град во државата, а до крајот на годината – да оперира на целата територија.
– Тие го одбраа градот Скопје – соопшти вицепремиерот и министер за транспорт.