Извори од три земји потврдуваат дека администрацијата на Трамп го предложила Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на Обединетите нации. САД го охрабриле поранешниот унгарски премиер да влезе во трката, при што, всушност, тие и ја иницирале идејата.
Засега, како најсериозен наследник на највисоката функција во Обединетите наци е Кандидатката на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусеибе.
Кандидатка за Генсек на ОН на македонски му се заблагодари на министерот Муцунски
Лана Нусејбе, минатата недела влезе во трката и нејзината кандидатура, според извештаите, добива на замав.
Се очекува Нусејбе во вторник да одговара на прашања, пред уште едно „пробно гласање“ во Советот за безбедност закажано за среда, преку кое исто така ќе се мери поддршката за нејзината кандидатура.
Ова неформално гласање има за цел да ја процени поддршката за различните кандидати, додека членките на Советот за безбедност работат на постигнување консензус околу еден кандидат.
Сè уште не е јасно дали името на Орбан ќе биде вклучено во гласањето во среда, а во трката би можеле да влезат и дополнителни кандидати.
Што се однесува до Орбан, претставник на Стејт департментот признава дека на прв поглед тоа звучи апсурдно.
Сепак, се верува дека Русија и Кина ја поддржуваат идејата, врз основа на претходни разговори со Вашингтон, а планот е г-дин Орбан да биде нивни заеднички кандидат. Како што изјавија претставници од САД и од уште една земја, кога САД, Русија и Кина сакаат иста работа во Советот за безбедност на ОН, тие обично и ја остваруваат, објави Wall street Journal
Претставник на Стејт департментот на САД призна дека предлогот првично изгледал нереален, но остана на ставот дека Орбан би можел да добие значителна поддршка во Советот.
Сепак, не се наведуваат никакви јавни ветувања од земјите за поддршка на Орбан.
Клучно прашање е како би реагирале Обединетото Кралство и Франција – две земји кои се постојани членки на Советот за безбедност и имаат право на вето.
Во извештајот се сугерира дека овие две земји можеби нема да го блокираат кандидатот што ужива поддршка од мнозинството во Советот, како и од останатите три постојани членки. Сепак, не се наведува дека Лондон или Париз зазеле официјален став.
Според извештајот, името на Орбан постојано се спомнувало за време на разговорите меѓу американските претставници за тоа кој би бил нивниот претпочитан кандидат за иден генерален секретар на ОН.
Американските претставници наводно изјавиле дека бараат „некој како Орбан“ – предлог со кој се согласиле и нивните кинески и руски колеги. Потоа, Вашингтон почнал да размислува дали директно да му пристапи на Орбан.
Тие стапиле во контакт со Орбан за да проверат дали е заинтересиран за таа функција. Според извештајот, тој покажал интерес за предлогот, но изразил одредени резерви, имајќи го предвид својот идентитет на националистички политичар.
Исто така, се наведува дека Орбан не сакал да ја објави својата кандидатура доколку не бил сигурен во победата. Тој одби да го коментира извештајот.
Еден претставник на Стејт департментот го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, посочувајќи на неговото противење кон масовната имиграција, либералните невладини организации и воспоставените центри на моќ во унгарското правосудство и медиумите.
За време на неговиот мандат, Орбан често влегуваше во конфликти со Европската унија, истовремено развивајќи поблиски односи со Кина.
Трамп му даде поддршка на Орбан за време на априлските избори во Унгарија, а во кампањата за него учествуваше и потпретседателот Џеј Ди Венс.
Според друг извор запознаен со иницијативата, се очекува Трамп и Венс да го поддржат Орбан во трката за генерален секретар на ОН, доколку тој одлучи да се кандидира.
Изворот наведе дека евентуалното објавување на кандидатурата би се одложило за периодот по американските избори на средината на мандатот.
Евентуалната кандидатура на Орбан би можела да предизвика контроверзи.
Претставник од друга земја изјави дека сегашната група кандидати главно ја сочинуваат личности кои доаѓаат од сферата на меѓународната бирократија или дипломатијата што се одвива зад затворени врати.
За разлика од тоа, Орбан би донел пристап на политички лидер кој е навикнат да врши власт, изјави официјалниот претставник.
Американскиот претставник се согласи со таа оценка, тврдејќи дека Орбан го има соодветниот идеолошки поглед, знае како да се справи со опозицијата и нема да биде заплашен од естаблишментот на ОН.
Сепак, во извештајот се изразува и загриженост дека назначувањето на Орбан би можело да го претвори генералниот секретар на ОН во бранител на рускиот претседател Владимир Путин и на други авторитарни лидери.
Се очекува неговите врски со Москва и Пекинг, како и контроверзиите поврзани со неговите политики во Унгарија, да бидат предмет на проверка доколку тој влезе во трката.
Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, завршува на 31 декември.
Засега, напорите за промовирање на кандидатурата на Орбан се засноваат на дискусии и проценки од извори наведени во извештајот. Нема официјално соопштение за неговата кандидатура, ниту јавна потврда дека трите големи сили би го поддржале.