На регионалниот пат Демир Капија – Неготино, вчера е лишен од слобода 40-годишен државјанин на Албанија, под сомнение за криумчарење мигранти.
Во нeговото возило биле откриени 8 мигранти, меѓу кои и две малолетни лица.
Случајот бил откриен на 27 вчера, во 12:35 часот, во близина на местото викано „Острово“ кога полициските службеници запреле возило „фолксваген туран“ со албански регистарски ознаки, управувано од П. М. (40).
При контролата биле пронајдени осум лица кои, според нивните изјави, се од Авганистан.
Возачот бил задржан во Полициската станица во Неготино, додека мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна постапка. објави Скопје1.мк