Македонија

Во Македонија годишно се регистрираат околу 5.000 случаи

Во последните две години е забележан пораст на бројот на пациенти помлади од 50 години, а најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години

Светски ден на мозочниот удар се одбележува денеска со акцент на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. По тој повод во организација на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи централен настан на Медицинскиот факултет.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, како и директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски.

Мозочниот удар е итна медицинска состојба кај која секоја минута е од огромно значење.Лекарите потсетуваат дека навременото препознавање на симптомите и брзото повикување медицинска помош можат да спасат живот и да спречат трајни последици.

Во Македонија годишно се регистрираат околу 5.000 нови случаи, а невролозите предупредуваат дека болеста сè почесто ги погодува и помладите лица. Во последните две години е забележан пораст на бројот на пациенти помлади од 50 години, а најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години.

Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, како парализа, нарушувања на говорот, проблеми со памтењето или физичка попреченост. Дополнителен проблем е доцнењето на медицинската помош, особено во помалите градови, каде што недостигот од возила и медицински персонал може да го одложи лекувањето.

Лекарите препорачуваат да се запомнат петте главни предупредувачки знаци, како нарушена рамнотежа, ненадејно заматување на видот, двојно гледање или губење на видот на едното или двете очи, искривување на лицето, слабост во рацете, нарушен говор…

При појава на кој било од овие симптоми, веднаш треба да се повика итна медицинска помош на 194. Важно е да се запомни и точното време кога започнале симптомите, бидејќи тоа може да влијае врз изборот на терапијата.

Покрај брзата реакција, важна е и превенцијата. Високиот крвен притисок е еден од најзначајните ризик-фактори, а опасноста ја зголемуваат и пушењето, дијабетесот, високиот холестерол, неправилниот срцев ритам, физичката неактивност, прекумерното консумирање алкохол и зголемената телесна тежина. Редовното мерење на крвниот притисок, контролата на хроничните заболувања и лекарските прегледи се важни чекори за намалување на ризикот.

Најнови вести од: Македонија

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

To top