Свет

Нетанјаху ги обвини арапските партии за кражба на изборите

По завидниот успех постигнат на изборите, ги обвини поткуп, закани, насилство, фалсификување и употреба на забранет софтвер за мобилизирање на гласачите

 

Партијата Ликуд, предводена од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ги обвини арапските политички партии за манипулирање со гласањето преку распространети изборни измами.

Од Ликуд тврдат дека арапските партии прибегнале кон поткуп, заплашување на гласачите и фалсификување, со цел да влијаат врз изборните резултати.

Арапските партии сакаат да го испратат Нетанјаху „дома“

Ова се случува во услови кога се очекува дека ниту Нетанјаху, ниту неговиот главен противник, Гади Ајзенкот, нема да успеат да обезбедат парламентарно мнозинство.

„Изборите во Израел беа украдени од арапските партии – кои го поддржуваат тероризмот и уништувањето на еврејската држава – преку извршување сериозни кривични дела: поткуп, закани, насилство, фалсификување и употреба на забранет софтвер за мобилизирање на гласачите“, соопштија од партијата.

Од партијата наведоа дека планираат да достават стотици сведоштва и докази до израелската полиција, до службата за внатрешна безбедност „Шин Бет“ и до Централната изборна комисија.

Според Ликуд, на гласачите им биле поделени илјадници пликови што содржеле пари во готовина и гласачки ливчиња за „Раам“ – арапска политичка партија.

Партијата на Нетанјаху понатаму тврди дека одредени поединци гласале повеќе пати користејќи лажни идентитети, како и дека бил употребен забранет софтвер за вештачко зголемување на излезноста на гласачите.

„Бараме полицијата и ’Шин Бет‘ да спроведат темелна истрага за изборните измами извршени од арапските партии, а одговорните лица целосно да одговараат за своите постапки“, наведоа од Ликуд.

Треба да се потсети дека изборите во Израел резултираа со пат-позиција помеѓу Бенјамин Нетанјаху и опозицијата.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

Најнови вести

To top