Македонија

Во Битола отстранети над 1.700 рачни бомби и мини од Првата светска војна (ВИДЕО)

Целта е целосно чистење на критичните подрачја во битолскиот регион

Во близина на Тумбе Кафе во Битола деновиве се извадени повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна. Со тоа е отстранета голема опасност за куќите што се наоѓаат веднаш под локацијата, на само неколку метри воздушна линија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска од самото место изјави дека се работи за огромна количина неексплодирани убојни средства.

– Огромна количина којашто се наоѓа во овие сандаци зад мене. Ископувањата продолжуваат и понатаму. Очекуваме да најдеме уште повеќе од вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства – рече Ангелов.

Тој упати голема благодарност до пиротехничарот на Дирекцијата кој е носител на акцијата, како и до неколку пензионирани припадници на МВР – поранешни припадници на специјалната единица „Тигри“ и еден од Отсекот за антитероризам – кои со договор на дело дале значаен придонес во безбедното отстранување на бомбите.

Ангелов посочи дека во моментов во Дирекцијата има само неколку пиротехничари, а во тек е процедура за вработување на уште еден со соодветни сертификати и искуство. Тој најави дека се размислува и за привлекување нови кадри, бидејќи обучени пиротехничари не се наоѓаат лесно – потребна е повеќегодишна, најмалку тростепена обука.

Со измените на Законот за заштита и спасување од јуни годинава, постои можност пензионираните припадници да бидат ангажирани уште десетина години. Ангелов истакна дека намерата не е само да се исчисти оваа локација, туку и други критични места во битолско, за кои има информации дека има стотици, а на некои места и илјадници неексплодирани убојни средства.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

To top