Товар со 20.089 килограми јаболки од Македонија е запрен на бугарскиот дел од границата и не му е дозволен пристап до пазарот на Европската унија поради траги од забранет пестицид, соопшти Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ).
Прекршокот е утврден со лабораториско испитување, кое покажало присуство на препарат забранет за употреба во ЕУ.
Ова е веќе четврти случај во последните неколку месеци Бугарија да не дозволува влез на прехранбени производи од Македонија по двата товара со пиперки со вкупна тежина од 21 тон, кај кои наводно биле утврдени прекумерни количини пестициди, како и 576 картони со 20 пакувања кисело млеко поради неуредна документација.