Коментирајќи ги изборите во Србија, премиерот Христијан Мицкоски вели дека него го интересира Македонија, но и оти се надева на уште подобра соработка и добрососедски односи со северниот сосед во иднина.
„Ние сме соседи, наши интереси се напите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе“, изјави тој во „Само интервју“ на Канал 5.
За честитката до носителот на Студентската листа, Срдановиќ, Мицкоски вели дека станувало збор за протоколарен разговор, бидејќи не го познава лично, а со Александар Вучиќ не разговарал.
„Но, тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога ќе се видиме во рамките на Европската народна партија“, рече Мицкоски.