Премиерот Христијан Мицкоски бара обвинувањата за корупција да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, изразувајќи желба токму тој да ја уништи.
„Каде има корупција? Еве нека ни кажат имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има. Кој е извештајот од Европска комисија каде што велат дека има корупција? Еве сега ќе имаме нов извештај, којшто треба да пристигне за напредокот на земјата, еве да го почекаме да видиме. Второ, тој којшто пријавил корупција и бил дел од процесот тој што барал корупција е уапсен. Не се само двајца директори, има повеќе. И ќе има уште ако продолжат, еве и денеска имаше една таква акција којшто е поврзан со борба против корупцијата. Се спречи шверц на цигари којшто траел со децении и тоа е само почеток на таа истрага, допрва ќе следат други докази поврзани со високи функционери на некои од минатите влади што се занимавале со шверц на цигари“, изјави тој во „Само интервју“ на Канал 5.
„Јавно ги повикувам граѓаните, а наскоро ќе имаме и прес-конференција со меѓународна организација, онаму каде што има корупција јавно да пријават и да постапуваме. Не прифаќам политички флоскули само дека има корупција. Добро, но дајте да ја пријавиме“, додаде претседателот на Владата.
„Јас сум прв противник против корупцијата. Сакам да бидам човек којшто ја уништил корупцијата. Ајде заедно сите, и тие што ги кажувате дека напишале во извештаите, не да пишуваат дека постои сомневање, дајте доказ. А јас ви гарантирам дискреција дека нема влакно да ви фали, а тој што е корумпиран ќе одговара“, порача Мицкоски.