Македонија

Облачно, дожд и постудено време

Врнежите повремено ќе бидат пообилни, а локално се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар

Од днееска, па сè до крајот на викендот во Македонија ќе преовладува облачно време, повремени врнежи од дожд и пад на температурите.

Врнежите повремено ќе бидат пообилни, а локално се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар.

И во Скопје и околината, каде што времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои во одредени периоди ќе бидат поинтензивни.

Утринските температури ќе се движат во интервал од од 2 до 9 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекува температурата наутро да се спушти до околу 9 степени.

Максималните дневни температури во петок и сабота ќе се движат од 12 до 19 степени, но во недела ќе следува позначително заладување, кога дневните температури ќе достигнуваат само од 8 до 14 степени.

Најнови вести од: Македонија

To top