Македонија

„Албанска лига“: Во Брвеница да победат Албанец и албанските граѓани

Велат дека биле скандализирани од Африм Гаши кој го нарече провинцијализам залагањето на Албанците за победа на албански кандидат во Брвеница

 

“Партијата на Зијадин Села „Албанска лига“ одговори на изјавите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој залагањето за победа на албански кандидат во Брвеница го нарече „провинцијализам“.

Во соопштение од „Албанска лига“ велат дека изјавата на Гаши била несоодветна бидејчи, како што велат „националната кауза не е „провинцијализам“..

Тие го обвинуваат Гаши дека е „вазал кој се одрекува дури и од сопствениот идентитет.

Велат дека биле скандализирани од Африм Гаши кој го нарече залагањето на Албанците за победа на албански кандидат во Брвеница „провинцијализам“, додека истовремено посакува „да победи најдобриот“, се вели во соопштението..

„Африм Гаши – кој ѝ сврте грб дури и на сопствената татковина – ја негираше албанската кауза. Додека тој и неговата коалиција се залагаат за „македонска победа“ во Кичево и Брвеница, Албанците се борат за победа таму каде што ја заслужуваат“, се вели во соопштението.

„Албанска лига“ ги повикува Албанците од Брвеница „во недела да им приредат соодветен „пречек“ нему и на Мицкоски.

Националното прашање во Брвеница е прашање на достоинство, разум и демократија, а не на „провинцијализам“.

Сестри и браќа, мобилизирајте се масовно, оставете ги настрана разликите помеѓу политиката и играта на вазалите, и нека победат албанскиот кандидат и албанските граѓани на Општина Брвеница“, се вели во соопштението од партијата на Зијадин Села.

Најнови вести од: Македонија

To top