Регион

Јотова: Стратегијата на Бугарија кон Македонија мора да продолжи во истата насока

Според неа, нема доволен напредок во заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест и во справувањето со говорот на омраза во Македонија

 

Кандидатите за претседател на Бугарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, во дебата во сресрет на вториот круг претседателски избори што ќе се одржат во недела, расправаа и спротивставиија мислења за односите со Македонија и францускиот предлог.

Јотова оцени дека бугарската позиција била спасена во последен момент со интервенција на тогашниот претседател Румен Радев.

Таа рече дека тогашниот претседател прв го покрена прашањето за правата на Бугарите во Република Македонија“, и додаде дека та тема не била спомната во Договорот за добрососедство и пријателство.

„Стратегијата на Бугарија кон Република С. Македонија мора да продолжи во истата насока. Веќе подолго време, односите со Република С. Македонија и нејзиното пристапување кон Европската Унија не се само прашање на билатерални односи.

Станува збор за европска политика кон Република С. Македонија.“ „Европските институции многу строго ги следат критериумите неопходни за продолжување на овој процес“, рече Јотова за време на дебатата на БНТ.

Според неа, нема доволен напредок во заштитата на правата на лицата со бугарска самосвест и во справувањето со говорот на омраза во Македонија.

„Ние ќе продолжиме да инсистираме, заедно со нашите европски партнери, на спроведување на договорот и на европските политики. Што се однесува до нашиот национален став, во мене гледате личност која нема да отстапи ниту еден сантиметар од она што веќе е договорено – иако Скопје вложува сериозни напори за поништување на одредени протоколи“, изјави Јотова.

Јотова го обвини поранешниот премиер Кирил Петков дека не бил запознаен со договореното и дека имал намера да отпатува во Скопје за да ја промени бугарската позиција.

Од своја страна, противкандидатот  Ѓуров ги бранеше постапките на тогашната влада (на Кирил Петков) и парламентарното мнозинство.

Потсети дека како предлагач на францускиот предлог во Народното собрание се залагал бугарските услови да станат дел од заедничката европска позиција.

Според него, тогашната влада и договорот биле изложени на сериозни напади и обвинувања дека го предаваат националниот интерес, додека денес различни политички сили, вклучително и во Европскиот парламент, го поддржуваат договореното.

„Госпоѓо Јотова, кога сме искрени – тогаш кога ги напаѓаме политичките противници или сега, кога гледаме дека тие постапки всушност ѝ помогнале на бугарската позиција?“, праша Ѓуров.

Тој посочои дека главната цел била бугарските позиции да станат дел од заедничката европска позиција, а како клучен услов го посочи внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што, според него, би овозможило заштита на нивните права.

„Успеавме да го заштитиме интересот на бугарските граѓани и да ја направиме бугарската позиција дел од заедничката европска позиција“, рече тој.

 

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top