Централната изборна комисија на Израел го заврши броењето на гласовите од парламентарните избори одржани на 27 октомври.
Врз основа на објавените резултати, блокот на премиерот Бенјамин Нетанјаху обезбеди 53 пратенички места, опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот освои 48, додека две арапски партии добија 19 места.
За мнозинство во Кнесетот, кој брои 120 пратеници, потребни се 61 место.
Партијата „Ликуд“ на Нетанјаху останува најголемата политичка сила со 27 пратенички места. Партијата на Геди Ајзенкот, „Јашар“, освои 21 место.
Според првичните проценки, Ајзенкот би можел да обезбеди поддршка од 67 пратеници, доколку успее да ја добие соработката на двете арапски политички групи.
Иако никој не сака да коалицира со нив, останува можноста арапските групи да дадат надворешна поддршка, без формално да станат дел од владата.