Македонија

Авион падна на 14 километри од резиденцијата на Трамп (ВИДЕО)

Околу 35 секунди по првиот повик за помош, последното нешто што се слушнало од пилотската кабина било: „Ни истекува времето“

Сите девет лица деловeн авион загинаа откако се урна во станбена област во американската држава Флорида.

Несреќата се случила во градот Гринакрес, само 14 километри од Мар-а-Лаго, резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во округот Палм Бич.

Снимките од несреќата го покажуваат авионот како се урива, а потоа се претвора во огромна огнена топка во близина на прометен пат.

За малку ги избегнал возилата што минуваат и се чинело дека за малку ги промашил блиските куќи, објави Скај њуз.

Авионот летал на надморска височина од околу 10.700 метри кога пилотите пријавиле турбуленции, замрзнување и врнежи и побарале дозвола да се искачат дополнителни 2.000 стапки, а неколку моменти подоцна авионот почнал стрмоглаво да паѓа.

Околу 35 секунди по првиот повик за помош, последното нешто што се слушнало од пилотската кабина било: „Ни истекува времето“.

 

Најнови вести од: Македонија

To top