Македонија

Народна Банка: „АЛТА банка АД Битола“ е ликвидна, високо капитализирана и со солиден квалитет на кредитното портфолио

Целта е да се заштитат сите штедачи, имотот и стабилноста на Банката до промената на сопственоста, која се очекува да се реализира набрзо

Народната банка на Македонија објави дека привремено ја заштитува „АЛТА банка“ АД Битола, нејзиниот имот и сите заштеди на граѓаните, до очекуваната промена на сопственоста.

Гувернерот Трајко Славески објави дека воведувањето администрација во банката е заштитна мерка од времен карактер и тоа не значи затворање на Банката, стечај или одземање на дозволата за работа.

,,„АЛТА банка АД Битола“ е ликвидна, високо капитализирана и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Работењето на Банката продолжува под непосреден супервизорски надзор на Народната банка, со привремени ограничувања.

Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за одлив преку картички за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања во рамките на Банката остануваат неограничени, објави НБРМ од каде објаснуваат дека правните лица привремено нема да можат да одлеваат средства надвор од Банката преку платните системи, ниту со повлекување готовина од банкомати или шалтери.

Тие ќе можат да вршат неограничени внатрешни плаќања кон други правни и физички лица во рамките на Банката.

,,Целта е јасна: да се заштитат сите штедачи, имотот и стабилноста на Банката до промената на сопственоста, која очекуваме да се реализира набрзо.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и јавноста навремено ќе биде информирана за сите промени”, порачува Гувернерот Славески.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top