Македонија

АВМУ: Изборниот молк важи за сите, па и за Филипче

Крајно неодговорно и неприфатливо е политичка партија, и тоа најголемата опозициска партија, да организира прес-конференција за време на изборен молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги демантира и отфрла тврдењата на опозициската СДСМ дека постоел обид за забрана на медиумско емитување на прес-конференцијата на Венко Филипче за време на изборниот молк. Ваквите наводи регулаторот ги оцени како целосно неосновани и претставуваат обид редовното законско постапување неоправдано да се прикаже како цензура.

Од институцијата детално потсетуваат на законските норми што строго ги дефинираат изборните правила и медиумското известување.

„Изборниот законик јасно ги утврдува ограничувањата што важат за време на изборниот молк, меѓу кои и забраната за емитување изјави од претставници на политички партии (член 76-б став 3 од Изборниот законик). Законите важат подеднакво за сите и сите, без исклучок, се должни да ги почитуваат законските обврски…велат од АВМУ.

Оттаму велаат дека документот што Венко Филипче го нарекува „некакво писмо“ е официјален допис – „Потсетување за изборниот молк за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница“.

Агенцијата го достави по електронска пошта до националните медиуми и до медиумите чија програма може да се следи на територијата на Општина Брвеница, со јасна цел: да ги потсети на правилата и обврските утврдени со Изборниот законик. Овој допис не претставува ниту забрана, ниту цензура, ниту обид за ограничување на правото на информирање.

„Крајно неодговорно и неприфатливо е политичка партија и тоа најголемата опозициска партија, да организира прес-конференција за време на изборен молк. Со ваквото постапување, медиумите се доведуваат во ситуација да се соочат со дилема дали да го прекршaт Изборниот законик. Ниту една политичка партија не смее да очекува дека нејзините политички интереси ќе бидат над законските правила.

Агенцијата цврсто се залага за слободата на медиумите и слободата на изразување, но тие не смеат да бидат оправдување за игнорирање на законските обврски, ниту законското постапување на регулаторот да се прикажува како цензура за дневнополитички цели. Агенцијата ќе продолжи да постапува независно и професионално, исклучиво во рамките на своите законски надлежности, без селективност, исклучоци и подлегнување на политички притисоци и манипулации“, порачаа од регулаторното тело.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top