Македонија

Водно се претвора во бетонска населба (ВИДЕО)

Општина Центар не е златна кокошка на СДС за политичко и финансиско профитирање, а градоначалникот Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија

Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ, упати низа прашања до градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, барајќи од него да одговори дали е запознаен со проблемите со кои се соочуваат жителите на Водно и дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“.

„Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“?

Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата?

Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања, порача Бојаџиева Марковска.

Таа посочи дека проблемите не се ограничени само на Водно, туку се присутни и во други делови на Општина Центар, обвинувајќи ја локалната власт дека приоритет им дава на градежните интереси наместо на јавниот простор, зеленилото и потребите на жителите.

„И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса.

Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес.

Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации.

Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит, , истакна таа.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top