„Согласно член 297 став (2) од Законот за енергетика, носителите на лиценците за вршење на енергетска дејност издадени до денот на влегувањето во сила на законот, се должни во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на законот, до Регулаторната комисија за енергетика да поднесат барање за промена на лиценцата согласно одредбите од законот. Согласно член 297 став (3) од Законот за енергетика, лиценците за вршење на енергетска дејност кои се променети согласно член 297 став (2) од Законот за енергетика, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важноста на лиценците. На 13 јуни 2025 година Друштвото за производство на електрична енергија, трговија и услуги ФОС ИМЕРАС ДОО Скопје, достави до Регулаторната комисија за енергетика Барање за промена на лиценцата. Одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ СРЕТЕНОВО на Друштвото за производство на електрична енергија, трговија и услуги ФОС ИМЕРАС ДОО Скопје“, се вели во информацијата до јавноста.
Фирмата ФОС ИМЕРАС е сопственост на Вице Заев, брат на поранешниот претседател СДСМ, Зоран Заев, и на Никола Филипче, брат на сегашниот прв човек на опозициската СДСМ, Венко Филипче.
Поточно, сопственици на правниот субјект се Друштвото за производство, трговија и услуги ПЛУС НЕТВОРК ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, сопственост на Никола Филипче, и Друштво за градежништво и инженеринг ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица, сопственост на Вице Заев.
Управител на компанијата за производство и трговија со електрична енергија ФОС ИМЕРАС ДОО Скопје е Никола Филипче.