Бизнис

Како сега фирмите кои имаат сметка во „Алта банка“ ќе префрлаат пари?!

Засега нема никаква реакција од стопанските комори во врска со компаниите кои имаат сметки во „Алта банка“, што значи тоа за нив и во колкава мера ќе го загрози нивното редовно работење.

Правните лица привремено нема да можат да одлеваат средства надвор од Банката преку платните системи, ниту со повлекување готовина од банкомати или шалтери. Ќе можат да вршат неограничени внатрешни плаќања кон други правни и физички лица во рамките на Банката, соопшти гувернерот Славески. Важно е да се знае дека Алта банка е стабилна, ликвидна и не е во стечај, а мерките се превентивни. Народна банка со заштитна мерка за банката, до нејзината продажба. Гувернерот со апел сите да се воздржат од шпекулации, за да не му наштетат на банкарскиот сектор.

  • „Воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа привремена заштитна мерка е Банката да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и други доверители да бидат заштитени до промена на сопственоста на Банката“.

Инвеститорите внимателно да ја следат состојбата со Алта банка, откако Македонската берза ја внесе банката на „Листата за набљудување“. Одлуката доаѓа по решението на Народна банка на за воведување администрација во банката.

  • Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност, се наведува во известувањето на Берзата.

По одземањето на дозволата за работа на Алта банка Белград, Народна банка ќе управува со имотот во Македонија. Гувернерот потенцира дека не му се одзема сопственоста на акционерот, туку привремено, само управувањето. Клиентите кои имаат кредити мора редовно да ги подмируваат ратите. Она што следи, според гувернерот, е да се продаде банката на нов купувач. Во последниве неколку дена биле повлечени два милиони евра од банкоматите. За 9 месеци, банката пријавила загуба од 790.000 евра. Засега нема никаква реакција од стопанските комори во врска со компаниите кои имаат сметки во „Алта банка“ – што значи тоа за нив и во колкава мера ќе го загрози нивното редовно работење.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top