Македонија

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

Имајќи ги предвид јавно достапните информации за одземање на дозволата за работа  на „Алта банка“ АД Белград, со истовремено донесување на одлука за исполнување на условите за поведување стечајна постапка над оваа банка, а во насока на заштита на билансот на „АЛТА банка“ АД Битола и на интересите на нејзините доверители, Извршниот одбор на Народната банка на Македонија на седницата одржана 1 на ноември 2026 година, донесе Решение со коешто се воведува администрација во „АЛТА банка“ АД Битола. Решението е веќе во сила. Оваа мерка е од времен карактер и се воведува исклучиво заради случувањата со акционерот со квалификувано учество „Алта банка“ АД Белград. „АЛТА банка“ АД Битола е високо капитализирана, ликвидна и со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува сите супервизорски стандарди.

Воведувањето на администрацијата подразбира дека управувањето со имотот на Банката привремено преминува во надлежност на лица именувани од Народната банка, а во рамки на дадените овластувања од Извршниот одбор на Народната банка на Македонија. Со цел заштита на имотот на Банката, во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќања од сметките на клиентите на Банката.

Во интерес на граѓаните, а со цел извршувања на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од Банката. Сите интерни плаќања помеѓу сметките на клиентите (правни и физички лица) во рамки на Банката остануваат овозможени во неограничен износ.

Би сакале уште еднаш да нагласиме дека овие мерки се воведени со цел да се заштитат имотот и интересите на штедачите на Банката. Во оваа смисла, нагласуваме дека како и досега кредитокорисниците треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите обврски кон Банката.

Народна Банка на Република Северна Македонија како и досега, ќе продолжи да ја следи состојбата во Банката и ќе презема активности во рамки на своите законски надлежности.

Во периодот на привремената администрација, Народната банка појаснува дека:

  • „АЛТА банка“ АД Битола работи и продолжува да им ги обезбедува услугите на своите клиенти. Мерките преземени во однос на „Алта банка“ АД Белград не значат одземање на дозволата за работа на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту отворање стечајна постапка.
  • Банката е ликвидна, високо капитализирана и има солиден квалитет на кредитното портфолио, а нејзиното работење е предмет на непосреден супервизорски надзор од страна на Народната банка.
  • Воведувањето администрација е времена мерка со која управувањето со имотот и работењето на Банката привремено се врши преку лица именувани од Народната банка. Целта е да се зачува стабилноста на Банката и да се заштитат средствата и интересите на нејзините клиенти до промената на сопственичката структура.
  • Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремено е ограничена само динамиката на одливот на средства, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи.
  • За физичките лица е определен неделен лимит за одлив од сметките во износ од 10.000 денари, кој може да се користи со картичките издадени од Банката за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања од сметките на физичките лица кон сметките на други физички и правни лица, во рамките на Банката остануваат овозможени во неограничен износ.
  • Правните лица ќе може да извршуваат само внатрешни плаќања од своите сметки кон сметките на други правни и физички лица, во рамките на Банката во неограничен износ. Правните лица нема да можат да изнесуваат средства надвор од Банката преку платните системи во земјата, а ниту пак преку повлекување готовина од банкомати или шалтери на Банката.
  • Приливните плаќања од странство преку СЕПА и коресподентно банкарство ќе се одвиваат непречено, додека одливните плаќања кон странство нема да бидат достапни привремено за физичките и правните лица.
  • Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат своите обврски кон Банката.
  • Штедните влогови на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до износ од 30.000 евра, согласно законските правила.

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

Народната банка ги повикува граѓаните и клиентите на Банката да не носат одлуки врз основа на непроверени информации, туку да се информираат исклучиво од официјалните извори. Непотребното и масовно повлекување на средства не е во интерес на штедачите, поради што е особено важно да се избегнуваат постапки предизвикани од неточни или непотврдени информации.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

To top