Во објавата, која ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје, Ибрахими наведува: Албанскиот кандидат победи во Брвеница. Многу добро! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. И што е овој делириум, оваа екстаза на најназадните сили?! И кој победи? Али Ахмети, Арбен Таравари и „другите просветлени сили“!
Всушност, победија оние, кои се победени веќе 26 години! Сѐ што оставија тие во суштина беше противалбанско и во функција на словенските интереси.
Сите оние што имаат барем најмало познавање на Уставот на оваа држава знаат дека Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и „националните заслуги“ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.
Очигледно, „Али Ахмети ќе биде иднината“ на Албанците! Оваа „личност“ и оваа „нова напредна сила“! – нагласува Орхан Ибраими во својата објава на општествената мрежа.