Македонија

Град Скопје ќе ги ослободи од комуналии брачните парови до 40 години

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски порача дека младите заслужуваат свој дом и промовираше значаен проект –  ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски порача дека младите заслужуваат свој дом и промовираше значаен проект –  ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години!

-Сопствениот дом е темел врз кој се гради едно семејство. Место каде што почнуваат заедничките планови, каде што растат децата и каде што иднината добива своја адреса. Затоа, младите што сакаат да го изградат својот дом заслужуваат силна и конкретна поддршка од Град Скопје! Успешната практика што ја воспоставивме во Кисела Вода, првпат во историјата на државата, сега ја пренесуваме и во Град Скопје. Она што го ветив во мојата програма го претвораме во реална помош за семејствата, рече градоначалникот.

Со оваа мерка, младите брачни парови до 40 години и самохраните родители што сакаат да изградат свој дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје – односно 60% од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план на градот.

-Доколку сите скопски општини се приклучат со ослободување и од својот дел, оваа поддршка ќе достигне 100% ослободување од комуналии! Ги повикувам сите мои колеги градоначалници да застанеме заедно зад оваа цел и да им го олесниме патот до сопствен дом на што повеќе семејства. Имаме можност да оставиме нешто вредно зад себе – повеќе семејства со сопствен покрив над главата и со поголема сигурност за утрешниот ден! Ова е директна инвестиција во младите, во сигурноста на семејствата и во иднината на Скопје.
Помал финансиски товар при изградбата значи повеќе средства за уредување на домот, за потребите на децата и за посигурен почеток на заедничкиот живот, информира Ѓорѓиевски.

Мерката ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во службените гласила, а барањето за аплицирање ќе биде достапно на веб-страницата на Град Скопје.

-Како што ветив, младите ќе имаат подадена рака од мене и од Град Скопје. Ќе ја имаат поддршката што им е потребна токму кога ги прават најважните животни чекори. Сакам младите тука да го градат својот дом, тука да ги растат своите деца и тука да ја гледаат својата иднина. Наша обврска е да создадеме услови за тоа! За секој нов дом. За секое ново семејно поглавје. За Скопје во кое младите имаат иднина, порача скопскиот градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

To top