Свет

Марко Рубио го напушта Трамп!?

Тој би можел да се повлече за да се подготви за идна претседателска кандидатура во 2028 или 2032 година

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел да се повлече од својата функција за да започне со подготовки за претседателска кандидатура.

Како можен наследник, се разгледува на негово место да дојде Серџо Гор, амбасадорот на САД во Индија, пренесува „Вашингтон сан“ повикувајќи се на сопствени извори.

Рубио јавно нема објавено никаква намера да ја напушти администрацијата. Сепак, според одредени извори, тој би можел да се повлече за да се подготви за идна претседателска кандидатура во 2028 или 2032 година.

Што се однесува до можниот наследник на Рубио, Вашингтон сан“ оценува дека благодарение на неговите силни врски и директниот пристап до Трамп, Гор е сè повеќе вклучен во состаноци на високо ниво, што му дава влијание кое значително ја надминува неговата улога како амбасадор“.

Тој се смета за клучен посредник помеѓу Вашингтон и голем дел од Азија, како и за доверлив соработник на државниот секретар Марко Рубио.

Името на Гор се споменува за неколку влијателни позиции, вклучително и онаа на шеф на кабинетот на Белата куќа, или како наследник на Рубио на функцијата државен секретар. (Њуз.бг)

 

 

Најнови вести од: Свет

Трамп би можел пак да го нападне Иран !?

Нови напади врз Иран ниту значително би ја промениле преговарачката позиција на Техеран, ниту би довеле до промена на режимот, тврдат еден претставник на американското разузнавање и уште двајца американски функционери запознаени со проценките на разузнувачките служби

To top