Македонија

Мицкоски: Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада, имаме политички услов – уставните измени

И амбасадорот Рокас вчера кажа дека, во суштина, споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи кои се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Извештајниот период завршува до 31-ви август. Во процесот на Реформската агенда ние направивме многу важни реформи и кое што претставува дел од овие извештаи на ЕУ. Очекувам следната година на имаме уште посилен извештај со што ќе се потврдат напорите и амбицијата на оваа Влада да биде реформска, рече Мицкоски.

Што се однесува до уставните измени, истакна премиерот, ставот на Владата е јасен и непроменет.

„Пооради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада на СДСМ и ДУИ ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени. Иако многу пати во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, да не навлегуваат во такви авантури, тоа не го послушаа. И сега можеби ние сме единствениот пример, кој што покрај оние суштински реформи кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Тоа е што е. Ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед, се надевам дека тој дијалог на крај ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес кој конечно, после 21 година откако се стекнавме со кандидатски статус и 26 години откако го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација, ќе можеме да отпочнеме со процесот на преговори, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Кога ќе ги извадиме валканите алишта и мумиите од плакарот?

Кога ќе ги извадиме од плакарот сите алишта, особено валканите, па и мумиите (не мислам на Бранко Црвенковски), да ги ставиме на маса и отворено да поразговараме за тоа кај сме, кои сме, што сакаме и каде одиме? Да направиме демистификација на сите митови, легенди и заблуди

Шарените уплатници заминуваат во историја – ќе се применуваат нови стандарди во денарскиот платен промет

Активностите на банките се дел претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

Закон без чад што ќе функционира и надвор од хартијата

Решение што навистина функционира бара јасни обврски за објектите, видливо и разбирливо означување, обучен персонал и инспекциски надзор што се спроведува доследно, а не повремено. Во делот на продажбата, неопходни се проверки на возраста, следење на увозот и брза реакција против нелегалните канали.

Почнува со работа Центар за историски студии посветен на делото на професорката Наде Проева

Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација и тоа е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката

To top