Телефонот поминува низ многу нешта во текот на денот. Се става во џеб или чанта, се вади за брза порака, стои на маса во кафуле и повторно се зема кога ќе пристигне известување.
Преклопливиот телефон додава уште едно движење во таа рутина. Се отвора за подолго читање, се затвора за одење до следниот состанок и повторно се отвора за да се гледа видео во автобусот. Секоја интеракција може да трае само неколку секунди, но заедно тие обликуваат колку удобен е уредот за секојдневна употреба.
Серијата Galaxy Z8 е осмата генерација на преклопливи уреди на Самсунг („Samsung“). За „Samsung“, целта е да ги вметне сознанијата од претходните генерации во телефон кој е природен за секојдневна употреба.
Повеќе од екран што се превиткува
Преклопливиот телефон обединува флексибилен екран, подвижна шарка и рамка дизајнирана да ги заштити внатрешните компоненти. Секоја од нив има своја улога, но тие исто така треба да работат заедно секогаш кога телефонот се отвора и се затвора.
Од „Samsung“ велат дека нивниот пристап го гледа уредот како комплетен систем. Од генерација до генерација, повратните информации од корисниците, сознанијата од услугите и тестирањата помогнаа во воведувањето промени кај екраните, шарките, материјалите и начинот на кој уредите лежат во рака.
Од лабораторија до секојдневни моменти
Пред телефонот да стигне до џеб или чанта, тој поминува низ широк спектар на проверки. Samsung вели дека уредите Galaxy Z поминуваат низ повеќе од 100 тестови за потврда на сигурноста, кои опфаќаат сценарија што вклучуваат повторно превиткување, изложеност на прашина, падови и удари од различни страни.
Тие проверки ја одразуваат разновидноста на начините на кои се користи телефонот. Уредот може да се отвора неколкупати за време на патување, да се поставува на различни површини во текот на денот или случајно да биде турнат додека некој се обидува да го дофати. Ниту еден тест не може да ги опфати сите ситуации, па затоа „Samsung“ ги проценува различните оптоварувања низ целиот уред.
Пронаоѓање простор за подобрување
Олеснувањето на носењето на преклопливиот телефон исто така значи и внимателно разгледување на внатрешноста. За Galaxy Z Fold8, од „Samsung“ велат дека нивните инженери повторно тестирале приближно 270 компоненти и повеќе од 180 видови помошни делови, земајќи ги предвид екранот, шарката, материјалите и внатрешниот распоред како целина.
Како резултат, Fold8, тежи 201 грам и има дебелина од 4,5 мм кога е отворен и 9,7 мм кога е свиткан. Овие бројки даваат идеја за размерот на кој работат инженерите: промената на еден дел од телефонот може да влијае на просторот достапен за друг дел.
Еден пример е Flex Titanium, структура за поддршка на екранот што се користи во Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra. Таа комбинира тенок слој од титаниумска легура со титаниумска потпорна плоча. Од „Samsung“ велат дека структурата помага да се поддржи преклопливиот екран и да се намали видливоста на наборите, истовремено овозможувајќи потенка изработка на екранот.

Доверба и по првиот ден
Секојдневната доверба доаѓа и од сознанието што сè може да издржи уредот и како ќе биде поддржан со текот на времето.
Уредите Galaxy Z8 имаат IP48 рејтинг. Во практична смисла, тоа значи заштита од цврсти предмети поголеми од 1 мм и отпорност на вода под специфицирани лабораториски услови. Тоа не значи дека уредите се отпорни на прашина или песок. Отпорноста на вода исто така може да се намали со носење, па затоа сè уште е потребна претпазливост во близина на вода.
Софтверската поддршка е уште еден дел од сликата за сопствеништвото. „Samsung“ наведува дека моделите Galaxy Z Fold8 и Flip8 се покриени со до седум главни надградби на Android OS и седум години безбедносни ажурирања. Тоа помага уредите да бидат поддржани како што се развиваат Android и безбедносните потреби.
Искуство што прави разлика
Како што сè повеќе преклопливи уреди пристигнуваат на пазарот, природно е да се споредуваат нивните спецификации. Но, искуството на поседување на еден таков уред е исто така обликувано од работи кои е потешко да се согледаат со еден број: какво е чувството кога се отвора, како функционираат неговите компоненти заедно и како уредот е поддржан со текот на времето.
Со својата осма генерација, „Samsung“ во тие детали ги вклучува годините на развој на преклопливите уреди. Целта е технологијата да се доживува помалку како нешто што бара посебно внимание, а повеќе како природен дел од денот.
За оние кои сè уште немале можност да видат што сè може да направи Galaxy AI, постои совршено решение: апликацијата Try Galaxy. Можете да ја преземете на кој било уред со Android или iOS и целосно да се запознаете со корисничкиот интерфејс One UI, кој вклучува елементи со вештачка интелигенција (AI) дизајнирани да го променат вашето секојдневие. Try Galaxy ви овозможува да симулирате клучни функции на Galaxy AI, давајќи ви увид во тоа како вештачката интелигенција може да стане ваш секојдневен сојузник.
Прочитајте исто така:
- Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот
- [Интервју] Технологијата зад најновата Galaxy Z серија

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.