Македонија

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радува на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Тие се радуваат на црните сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, односно купец кој што ќе ја купи банката

Она кое што го слушаме изминативе денови од опозицијата а се однесува на „Алта банка“, вчера се обидов да го сублимирам во изјава за време на прес конференцијата со евроамбасадорот Рокас.
Сакам уште еднаш да напоменам и тоа е многу важно, а тоа е дека станува збор за увезен проблем од кај нашиот северен сосед. Таму гледате што се случува, сега последна ионформација е дека и самите менувачници ја ограничиле количината која што може да се купува до 300-400 евра, значи неможе повеќе да се врши конверзија на тамошната валута динари во евра и тоа претставува сериозен индикатор на стабилноста на тамошниот банкарски систем, се надевам дека најцрното сценарио ќе биде избегнато, затоа што Србија е значаен трговски поартнер за Македонија, затоа што повеќе од милијарда и 200 илјади, милијарда и 300 илјади годишно имаме размена со нашиот сосед, изјави Мицкоски и продолжи:

„Голем број наши компании соработуваат со српски компании. Многумина од тие компании, сопствениците ми се јавуваат ме прашуваат што понатаму, бидејќи нивните партнери од Србија имаат блокирани сметки и средства во Алта банка и дел од нив го затвориле својот бизнис, односно банкротирале, со што практично нашите компаниии имаат проблем. Јас се надевам дека многу скоро ќе биде формирана владата и таа влада ќе води проевропска реформска политика, нешто што нас ни е многу важно“.

СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, вели премиерот.

Што се однесува со случајот „Алта банка“, јас и вчера во мокјата изјава кажав, владата и опозицијата, конкретно СДСМ имаат разлиична амбиција. Тие се радуваат на црните сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, односно купец кој што ќе ја купи банката, бидејќи банката навистина е во одлична состојба. Тие се радуваат граѓаните да не бидат обештетени мпо принципот на ТАТ од времето на СДСМ, по принципот на Еуростандард од времето на СДСМ, јас кажав и стојам на тоа, до последниот цент, секој доверител, секој штедач ќе биде обештетен, бидејќи најголемиот дел од штедните влогови се осигурани во фондот на штедни влогови, а активата на банката е многу поголема од побарувањата, дециден е Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Шарените уплатници заминуваат во историја – ќе се применуваат нови стандарди во денарскиот платен промет

Активностите на банките се дел претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

Закон без чад што ќе функционира и надвор од хартијата

Решение што навистина функционира бара јасни обврски за објектите, видливо и разбирливо означување, обучен персонал и инспекциски надзор што се спроведува доследно, а не повремено. Во делот на продажбата, неопходни се проверки на возраста, следење на увозот и брза реакција против нелегалните канали.

Почнува со работа Центар за историски студии посветен на делото на професорката Наде Проева

Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација и тоа е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката

To top