Македонија

Клековски: Грижата за повредените од Кочани продолжува

Министерот се заблагодари за поддршката од израелските лекари

Грижата за повредените во трагедијата во Кочани не запира ниту по завршувањето на болничкото лекување.

Во рамките на соработката со израелскиот медицински центар „Шеба“ досега се направени 16 операции, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.

На денешната прес-конференција Клековски информираше дека хирурзите од „Шеба“ од Тел Авив, заедно со македонските медицински екипи, извршиле и 24 специјалистички прегледи.

Интервенциите главно биле насочени кон шаките и рацете, со цел да се врати нивната функција. Опфатиле отстранување и корекција на лузни, ослободување на контрактури, Z-пластика и кожни трансплантати со полна дебелина.

На прес-конференцијата присуствуваа и д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница во Кочани, како и д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерството за здравство.

„Здравствените власти се тука на долги патеки. Грижата за повредените во Кочани не заврши со болничкото лекување. Таа продолжува со операции, контроли и рехабилитација“, изјави Клековски, изразувајќи благодарност до израелските лекари за укажаната поддршка.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

Рокас: Оваа година има поголем напредок наспрема 2025, но не се завршени уставните промени, договорени во 2022

– Во овогодинешниот извештај е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, како и во преземањето чекори во владеењето на правото – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

To top