Македонија

Муцунски: Европската комисија потврди видлив напредок во повеќе области

Сега очекуваме заедничка испорака, изјави шефот на македонската дипломатија во „Тема на денот“ на ТВ Сител

Оценувајќи го извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, констатира дека во повеќе области Комисијата регистрира видлив напредок, а во други останува потребата од дополнителна работа.

„Јас тоа не би го нарекол критики, туку би го нарекол насоки за тоа што треба да направиме за да се подобриме. Содржината на овој Извештај е во наш интерес. Не треба да го гледаме како испорака кон Европската Унија, туку како испорака кон нашите граѓани, бидејќи станува збор за високи стандарди во кои со години вложуваме време и сериозни ресурси“, истакна Муцунски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој нагласи дека во делот на надворешната, безбедносната и одбранбената политика државата веќе повеќе години по ред добива највисоки оценки, потенцирајќи дека станува збор не само за активностите на меѓународен план, туку и за стратешката определба на државата.

Осврнувајќи се на областите во кои е потребен дополнителен напредок, Муцунски посочи дека реформата на правосудството и борбата против корупцијата не зависат исклучиво од извршната власт.

Во однос на закочениот пат кон ЕУ од Бугарија, шефот на македонската дипломатија изрази очекување за „заедничка испорака“.

„Во нашата историја на европска интеграција сме слушнале многу охрабрувања и многу пати сме зборувале за прозорци на можности. Сега очекуваме заедничка испорака. Не велиме дека само Европската Унија треба да испорача кон нас. И ние мораме активно да се вклучиме, да ги спроведуваме реформите и да обезбедиме предвидлива и сигурна рамка за нашиот евроинтеграциски пат“, рече Муцунски.

 

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

To top