Матеј Гаштаров е меѓу најзаслужните за тешко изборената победа на Црвена звезда од 2:1 над Интерс Ескалдес од Андора во Белград во третото коло од Конференциската лига на УЕФА.
Големата надеж на македонскиот фудбал доби оценка 8 за погодениот дирек од голот на гостите, за креираните шанси по израмнувачкиот гол на српскиот шампион во 80. минута и за поврзувањето на редовите на „црвено-белите“, кои дури во втората минута од судиското продолжение го скршија отпорот на аутсајдерот.
„Воопшто не го потценивме противникот. Во секој дуел влегуваме како да играме со Реал Мадрид. Тоа секако не го направивме“, изјави по мечот 19-годишниот играч за врска и на македонската репрезентација.
И Елиф Елмас беше стартер и меѓу најдобрите во ремито 1:1 на Аталанта со каират од Казахстан во Бергамо, добивајќи ја третата највисока оценка 7,3 во италијанскиот тим, а во второто полувреме му беше поништен гол.
Борац Бања Лука, за кој настапуваат македонските репрезентативци Себастијан Ерера и Дамјан Шишковски, загуби во Шведска од Мјелби со 2:0, а левиот бек од Колумбија со македонски пасош ги одигра сите 90 минути.