Македонија

Сиљановска-Давкова со порака до Полска: Ја споделуваме вашата длабока болка

Сиљановска-Давкова го осуди крвавиот напад во Краков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати искрено сочувство до семејствата на жртвите, повредените и полскиот народ по трагичниот напад во Краков, кој во својата реакција го окарактеризира како терористички чин.

Во порака објавена на социјалната мрежа „Икс“, таа изрази длабока тага поради загубата на невините човечки животи и истакна дека Северна Македонија сочувствува со Полска во овие тешки моменти.

„Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“, порача претседателката Сиљановска-Давкова, сојодно осудувајќи го бесмисленото насилство.

Најнови вести од: Македонија

To top