Свет

Трамп: Ако нема напредок во преговорите, би можеле да го докрајчиме Иран

Ние сме подготвени. Имам три носачи на авиони таму…На целта имаме 38 мостови кои можеме да ги урнеме буквално за еден час“, изјави американскиот претседател

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека нови напади врз Иран „не се „веројатн“ доколку напредуваат разговорите за нуклеарната програма на Техеран и повторното отворање на Ормутскиот теснец.
Оваа теза тој ја повтори пет пати во текот на интервјуто, објаци Си-Ен-Ен

„Се зависи од тоа дали ќе потпишат цврт договор“, рече Трамп во 20-минутниот телефонски разговор за Си-Ен-Ен.

„Тие се неуспешна нација. Само што беше објавено, гледате, тие имаат 301 процент инфлација оваа година. Малку е веројатно дека ќе биде потребно. Би го направил ако треба, но ние силно ги удривме. Ги удрив толку силно што не можете да замислите…
Тие пропаѓаат финансиски. Ние ги удривме воено. Можеме да ги докрајчиме.

Осум месеци по почетокот на војната, двете страни се во ќор-сокак, воените дејства се ретки и нема значителен дипломатски напредок, додека иранските сили продолжуваат да ги напаѓаат танкери во Ормутскиот Теснец.

Двете земји и официјални лица од Катар, кој посредува во преговорите, не соопштија детали за нивниот статус. Иранската тврдокорна стран, пак, ги гледаат резултатите од минатонеделните избори за Конгресот во САД како знак за слабеење на мандатот на Трамп.

Трамп, кој претходно испраќаше спротивставени пораки за завршување на војната, во интервјуто јасно стави до знаење дека американските сили во регионот се подготвени доколку даде наредба за напад. „Ние сме подготвени. Имам три носачи на авиони овде. Третиот штотуку пристигна. Имаме три од нив. Тие се целосно оперативни“, рече тој.

Претседателот додаде дека САД идентификувале инфраструктурни цели во Иран во случај на нова воена акција, вклучувајќи електрани и мостови.

„На целта имаме 38 мостови кои можеме да ги урнеме буквално за еден час“, изјави тој. „Сите ќе бидат урнати.

Сепак, тој додаде дека повеќе би сакал да избегне уништување на иранската инфраструктура.

„Не сакам да го направам тоа бидејќи ќе им требаат десет години да ги обноват“, рече тој. „Не сакам да уривам мостови. Мостот е најтешко да се изгради. Потребни се години, а јас сум добар градител“.

На прашањето за способноста на Иран да се брани од нови американски напади, Трамп тврдеше дека иранската воздушна одбрана е уништена.

Тој рече дека режимотн во Техеран има само 10 отсто од ракетниот капацитет и 15 отсто од капацитетот на дронови.

„Најверојатно нема да биде потребно“, повтори тој за можноста за нова воена акција. „Тие се очајни да постигнат договор.

Најнови вести од: Свет

To top