Македонија

ОБЈАВЕН Е ПОВИКОТ ЗА „24 ЧАСА СТРИП ЦРТАЊЕ 2026 “

Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен  две  локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков,  стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има  на наменскиот  сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top