Македонија

За Ордановски Вучиќ е визионер кој отворил банка на жена која не му била сопруга (ВИДЕО)

„Алта“ како „Александар и Тамара“? Видео од ТВ-дебата стана вирално поради исмевање на теорија на заговор

Видео од телевизиска студиска дебата, споделено денеска на Facebook од страна на Богдан Илиевски, предизвика бројни реакции и саркастични коментари на социјалните мрежи.

Во клипот, кој е преземен од телевизиска емисија на Телма, се води разговор за банкарството, при што еден од соговорниците, новинарот Сашо Ордановски тврди дека името на Алта банката наводно е изведено од првите букви на Александар и Тамара Вучиќ.

Проблемот е што во моментот кога е основана банката во 2008 година Вучиќ е во брак со првата жена Александра со која е во брак уште три години а со Тамара се жени во 2013 година кога банката работи веќе 5 години.

Илиевски видеото го сподели со ироничен тон, исмевајќи го ваквото толкување како уште една апсурдна теорија на заговор за наводно скриено значење зад имиња на институции и компании.

,,Патем, Халк банка е од инкредибал Халк. НЛБ од Насте, Леон и Благоја. Се е јасно како ден, само најдобрите умеат да откријат први.

П.с. За оние кои не го виделе претходното видео каде оваа јака теза се појави на надзорната расправа, компанијата Алта е формирана во 2008 година, Вучиќ е во брак со првата жена Ксенија до 2011, а со Тамара стапува во брак во 2013.

Банката може да е лично негова или на којзнае кого, ама вакви измислени тези да се фрлаат вака самоуверено пред јавност е ниво под кое има мнооогу малку простор”, објави Илиевски.

Објавата брзо собра повеќе од стотина реакции и десетици коментари, во кои корисниците во сличен саркастичен стил почнаа да измислуваат свои „алтернативни“ толкувања за името „Алта“, како и за други банки.

Коментарите покажуваат дека поголем дел од публиката го доживеала клипот не како сериозна дебата, туку како партиска забава и повод за шега на сметка на теориите на заговор кои често се шират на социјалните мрежи.

Видеото

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

Народната банка на Македонија и гувернерот Славески поднесоа кривични пријави против Филипче, Димитриевиќ и Жерновски во врска со „Алта банка“!

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со случувањата со Алта Банка АД Битола.

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во една поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

To top