Бизнис

„Киел Македонија“ отвора нов капацитет – инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра

Компанијата континуирано го проширува производството, а досегашните инвестиции во постојниот објект во ТИРЗ Тетово надминуваат 11 милиони евра.

„Киел Македонија“, која е дел од германската Киел Групација го завршува тестирањето на новата целосно автоматизирана линија за прашкасто фарбање на метални компоненти, инвестиција вредна околу 1,5 милиони евра. Со оваа инвестиција компанијата го заокружува производствениот процес на обработка на метални компоненти во сопствениот капацитет во Тетово, што овозможува поголема производствена ефикасност и дополнително проширување на дејноста.

На новата линија веќе се ангажирани 5 работници, а со планираното воведување уште две смени се отвораат можности за дополнителни вработувања.

  • Особено ме радува што денес гледаме компанија која не само што успешно работи во нашата држава, туку продолжува да инвестира, да го проширува своето производство и да создава нови можности за вработување. Зад секоја инвестиција стојат луѓе, нивното знаење, труд и посветеност. Токму вработените се најголемата вредност на компаниите и двигател на економскиот развој. Нашата цел е да создаваме услови за стабилни и квалитетни работни места, за професионален развој на работниците и за континуиран раст на нивните приходи – изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за време на денешната посета на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово.

Тој нагласи дека проширувањето на производствените капацитети и воведувањето нови технологии се особено значајни за конкурентноста на македонската економија.

  • За нас е важно што компаниите што веќе инвестирале во Македонија одлучуваат тука да ги развиваат и следните фази од своето производство. Тоа значи нови технологии, дополнителна вредност во домашната економија и нови можности за нашите работници. Секое ново работно место е важно, а секое проширување на производството е можност за поголем економски развој. Како Министерство за економија и труд, остануваме посветени на подобрување на деловната клима и создавање услови за нови и одржливи инвестиции – рече Дурмиши.

„Киел Македонија“ произведува компоненти и системи за седење за автобускиот и железничкиот сектор, а нејзините производи се дел од меѓународните производствени синџири на компании како „Сименс“, „Алстом“, „Штадлер“ и „ВДЛ Ван Хол“.

„Киел Македонија“ работи во земјава од 2017 година и денес вработува околу 190 лица во двата производствени капацитета во Тетово и Желино. Компанијата континуирано го проширува производството, а досегашните инвестиции во постојниот објект во ТИРЗ Тетово надминуваат 11 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top