Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Скопскиот градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, порача дека споменот на борците кои ги положиле животите за слободата мора да се чува и да се пренесува на новите генерации.

Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски информира дека утрово ја одржал традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Им се заблагодарил за посветеноста во зачувувањето на споменот на ослободителите и пренесувањето на нивното наследство на младите генерации.

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје.

„Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје, во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа“, рече тој.

Посочи дека функцијата градоначалник ја носи со длабока почит кон жртвата на ослободителите и со решителност да работи на изградба на град во кој достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневието.

„Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите! Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела! Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември! Слава на борците за слободно Скопје!“, порача градоначалникот.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top