Бизнис

„Алкалоид“ присутен на американскиот пазар веќе 21 година

„Алкалоид“ е присутен на американскиот пазар преку својата подружница во Њу Олбани, Охајо, веќе 21 година.

Дипломатска делегација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, предводена од Никол Варнс, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, во придружба на економскиот советник Барнабас Биркеланд, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, чиј домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор,  Живко Мукаетов.

Во рамките на работната средба, делегацијата имаше можност подетално да се запознае со развојниот пат и современото работење на „Алкалоид“, со финансиските и производствените перформанси, како и со клучните стратешки определби на компанијата, вклучувајќи ги извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација и развој, како и примената на ESG-стандардите во работењето. За време на посетата претставниците на Амбасадата ги посетија и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.

Посебен акцент беше ставен врз деловните операции и врз соработката со американските партнери. „Алкалоид“ е присутен на американскиот пазар преку својата подружница во Њу Олбани, Охајо, веќе 21 година. Покрај пласманите на чаевите од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот Becutan, компанијата има воспоставено повеќе форми на соработка со реномирани американски фармацевтски компании, меѓу кои лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивни производи.

Соработката со водечките американски компании од фармацевтскиот сектор, Medtronic и MSD, како и со мултинационални брендови од САД во сегментот билкарство има особено значење за „Алкалоид“. Американскиот пазар со својата големина, конкурентност, строга регулаторна рамка и високи стандарди за квалитет и усогласеност претставува важен сегмент во натамошното јакнење на меѓународното присуство на компанијата.

Посетата претставува уште една можност за зајакнување на деловните врски и за продлабочување на соработката со американските партнери, како и за отворање нови перспективи за натамошен развој и проширување на меѓународното присуство на „Алкалоид“.

Најнови вести од: Бизнис

Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029, автопатот Кичево-Охрид до втората половина на 2027, потврди премиерот

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Најнови вести

To top