Бизнис

Дали ЕУ има доволно гас пред грејната сезона?!

Достапните количини варираат во зависност од земјата-членка. Франција веќе надмина 90 проценти зафатеност, додека Германија заостанува, со најголем објект во Реден кој е зафатен само 29 проценти, под планираните 45 проценти.

Европа ја започнува новата грејна сезона со капацитети за складирање на гас полни со повеќе од 82 проценти, што е повеќе од очекуваното и во моментов ги смирува пазарите, но аналитичарите предупредуваат дека вистинската отпорност на енергетскиот систем ќе биде тестирана дури во наредните месеци, особено ако зимата е студена.

Складирањето на гас во Европската Унија покрива околу една третина од потрошувачката во текот на зимата и се клучна заштита од скокови на побарувачката. Иако цените остануваат значително пониски отколку за време на енергетската криза во 2022 година, пазарот сè уште ги следи ризиците како што се построги санкции кон Русија, прекини во снабдувањето или геополитички шокови, објавува Блумберг.

Ова лето, Европа успеа да привлече дополнителни пратки на течен природен гас благодарение на послабата побарувачка во Кина и падот на индустриската потрошувачка во регионот.

Според податоците од Гас Инфраструктура Европа, од април до септември е складиран за една третина повеќе гас отколку претходната година.

Достапните количини варираат во зависност од земјата-членка. Франција веќе надмина 90 проценти зафатеност, додека Германија заостанува, со најголем објект во Реден кој е зафатен само 29 проценти, под планираните 45 проценти.

Прогнозите покажуваат дека Европската Унија би можела да ја заврши грејната сезона со околу 33 проценти од својот капацитет за складирање, додека во случај на постудена зима, тоа ниво би можело да се намали на 22 проценти.

Глобалниот вишок на течен природен гас би можел да ја ублажи ситуацијата, но ако зимата е посурова од просекот, ситуацијата ќе биде значително понапната, коментираше аналитичарот на HSBC, Саднан Али.

Блиц.рс

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top