Бизнис

Дали новата реклама на Браво Кафе е понижување за сите жени (ВИДЕО)

Самоубиствена реклама на К15 и Миле Паника за Браво Кафе

Дали новата реклама на Браво Кафе е понижување за сите жени е прашање што се наметнува откако во рекламата една жена е прикажана како прима простачка наредба да свари кафе.

Во рекламата која е далеку од креативна а е снимена од продукцијата К15, Миле Паника влече една жена која е непозната за пошироката јавност.

Иако се работи за скеч кој покрај тоа што е реклама треба и да насмее видеото за многумина е потврда на родовите предрасуди и традиционалните машко женски односи во кои жената е таа што спроведува, во случајов вари кафе а мажот тој што дава наредби.

Фактот што жената во видеото е претставена како безгласен примател на наредби од мачо сопругот е навреда за сите жени и верувам дека по рекламата Браво кафе ќе загуби голем број на муштерии од женскиот пол како мене, вели македонска интелектуалка која досега била редовен консумент на Браво Кафе.

 

 

Рекламата на К15 за Браво кафе дополително преку коментари на корисници на видеото открива дека фирмата ги лаже своите консументи за наградната игра.

 

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top