Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Модернизацијата на даночниот систем значи поефикасни институции и подобри услуги за компаниите

Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи одбележа 20 години од своето формирање, под мотото „20 години Дирекција за големи даночни обврзници – Партнерство, доверба и резултати“.

Дирекцијата за големи даночни обврзници, основана пред 20 години како крупна реформа во даночната администрација, денес има значајна улога во даночниот систем на државата. Големите даночни обврзници учествуваат со над 40% во остварените даночни приходи, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешното обраќање на настанот по повод одбележување 20 години од основање на Дирекцијата за големи даночни обврзници во рамки на Управата за јавни приходи.
Како што потенцираше министерката,  воспоставувањето на Дирекцијата пред две децении претставувало значајна реформа во Управата за јавни приходи, која донела големи придобивки за институцијата, но уште позначајно за компаниите кои ги користат нејзините услуги.

Специјализираниот пристап кон најголемите даночни обврзници овозможува непосреден и континуиран контакт со компаниите, подобро разбирање на нивното работење, навремена комуникација и поефикасно управување со даночните обврски.

  • „Компаниите кои ги опфаќа се меѓу најзначајните носители на економската активност во земјата, компании кои инвестираат, вработуваат, создаваат додадена вредност и имаат значајно учество во полнењето на Буџетот.“ нагласи министерката.

Министерката истакна дека начинот на кој функционира Дирекцијата е важен не само за Управата за јавни приходи, туку и за целокупната економија. Од една страна, нејзината задача е да обезбеди ефикасна и навремена наплата на јавните приходи и доследна примена на даночните правила, а од друга страна, подеднакво важно е да обезбеди професионален однос, јасна комуникација и предвидливо деловно опкружување за компаниите.

  • „Стабилен и предвидлив даночен систем е важен предуслов за компаниите при носењето долгорочни одлуки за инвестиции, нови вработувања, проширување на производството и развој на нивното работење. Создавањето услови за реализација на приватните инвестиции е од особено значење за постигнување повисоки и одржливи стапки на економски раст“ кажа министерката во своето обраќање.

На одбележувањето беше истакнато и дека 20-годишниот јубилеј е можност да се согледаат постигнатите резултати, но и да се постават насоките за понатамошно унапредување на даночниот систем. Условите во кои работат компаниите постојано се менуваат, особено во услови на забрзан технолошки развој, поради што и институциите треба да ги следат овие промени и да обезбедуваат современи и ефикасни услуги.

Во таа насока, како значаен чекор е министерката го истакна проектот Е-фактура, кој започна да се спроведува во Управата за јавни приходи и претставува важен дел од дигиталната трансформација на јавните финансии.

  • „Проектот ќе придонесе за поедноставување и забрзување на процесите, намалување на административниот товар и поголема сигурност, следливост и ефикасност во работењето“ потенцираше министерката.

Посочи дека за Министерството за финансии и Управата за јавни приходи особено значајна е предвидливоста на даночната политика и создавањето стабилно деловно опкружување и се осврна и на обезбедените средства од унгарската Експорт-импорт банка, кои се пласираат во македонската економија под поволни услови и кои ги охрабрија компаниите да влезат во значаен инвестициски циклус од близу 300 милиони евра.

  • „Министерството за финансии продолжува и со унапредување на даночната регулатива и нејзино усогласување со меѓународните и европските даночни стандарди. Во таа насока е и усвојувањето на Законот за минимален глобален данок на добивка, како значаен чекор кон усогласување на домашното даночно законодавство со современите меѓународни правила. Министерството за финансии работи и на измени и дополнувања на Законот за даночна постапка во однос на воведување жалбена постапка како правен лек против секој управен акт„ кажа министерката и додаде дека модернизацијата на даночниот систем не значи зголемување на даночниот товар, туку градење поефикасни и посовремени институции кои ќе бидат во функција и на граѓаните и на бизнисот.

„Сепак, сметам дека најважната порака што сакам да ја нагласам на овој настан и пред вас е дека модернизацијата на даночниот систем не значи зголемување на даночниот товар. Остануваме на концептот на рамен данок, кој обезбедува предвидливост за компаниите и создава стабилна основа за планирање на инвестициите и развојот. Остануваме посветени на градењето институции кои ќе бидат во функција на граѓаните и бизнисот.“ кажа Димитриеска -Кочоска.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top