Бизнис

(Фото): Над 60 македонски и грчки фирми учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора во Скопје

Претседателот на Стопанската комора Македонија, Бранко Азески, во своето обраќање истакна дека со потпишувањето на Преспанскиот договор размената оди во нагорна линија. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства меѓу компаниите.

Над шеесет компании од Македонија и Грција учествуваа на Бизнис-форумот што денес се одржа во Стопанската комора на Македонија, организиран во соработка со Амбасадата на Република Грција во Скопје. Настанот имаше за цел да ги продлабочи економските односи меѓу двете земји и да отвори нови можности за деловна соработка и инвестициски партнерства меѓу компаниите.

На Форумот учествуваа претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, Грчката федерација на претпријатијата, Грчката асоцијација на извозници, Enterprise Greece и претставници на бизнис-заедницата од двете земји. Посебен акцент беше ставен на директните B2B-средби, преку кои македонските и грчките компании разговараа за конкретни можности за соработка и развој на долгорочни партнерства. Форумот собра компании од осум различни сектори – храна и пијалаци, фармација и козметика, информатичка технологија и комуникации, градежништво и градежни материјали, медицинска опрема, еколошки услуги и енергетика, металургија, транспорт и логистика.

Претседателот на Стопанската комора Македонија, Бранко Азески, во своето обраќање истакна дека со потпишувањето на Преспанскиот договор размената оди во нагорна линија.

  • „Грција е значаен трговски партнер. Со вредност на извоз од над 280 милиони долари во 2024 година е во топ 5 извозни земји за Северна Македонија. Минатата година, остварена е вкупна трговска размена во вредност од 1,35 милијарди долари, извозот достигна 284,3 милиони долари, а увозот е 1,06 милијарди долари. Тоа доволно зборува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор размената оди во нагорна линија и можеме да кажеме дека сме задоволни од тој процес. Во целиот изминат период македонскиот извоз бележи континуиран пораст. Во последните 5 години, со сите осцилации, просечната стапка на раст на извоз во Грција изнесува 7,5%. Македонскиот извоз во Грција е базиран на енергетскиот сектор, секторот на минерални суровини, металургија и метална индустрија, текстил и облека, примарно земјоделски производи, храна и пијалаци. Пристапот до Грчките пристаништа за македонските извозници се главната порта за интернационализација и пристап до глобалните пазари за земјата. Нема друга алтернатива за тоа. Посебно сакам да ја нагласам улогата на Амбасадата на Република Грција, која е во функција на економски партнер, што за нас е особено значајно. Политиката на политичарите, економијата на бизнисмените“, кажа Азески.
Силна поддршка за вакви иницијативи изрази и амбасадорката на Република Грција во Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, која порача дека форумот е јасен пример за тоа како две соседни земји можат да ги продлабочуваат своите економски врски во корист на граѓаните и стопанството.
  • „Денешниот бизнис-форум е извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, можат да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии. Таквата силна посетеност – повеќе од 60 компании се собраа во оваа сала – е навистина охрабрувачка. Уште повеќе, фактот дека денес се закажани над 200 деловни состаноци во клучни економски сектори, покажува јасен интерес да се премине од дискусија кон конкретна акција. Овие состаноци ќе се одржат меѓу бизниси во клучните сектори на економијата, како што се градежништвото и градежните материјали, енергетиката, фармацевтската индустрија, храната и информатичката технологија. Уверена сум дека вашите дискусии и состаноци ќе бидат продуктивни и ќе дадат опипливи резултати,“ изјави амбасадорката Филипиду.
Пред присутните бизнисмени се обратија и претставници на Атинската комора за трговија и индустрии, Грчката федерација на претпријатијата и Грчката асоцијација на извозници, а беа презентирани најновите можности за инвестирање, извоз и заеднички деловни иницијативи меѓу компаниите од двете земји.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top