Хроника

Приведен скопјанец осомничен за следење и вознемирување

Полицијата потсетува на важноста од навремено пријавување

Триесет и двегодишен скопјанец е приведен откако 23-годишна жена пријавила дека подолг период ја вознемирувал со телефонски повици, пораки и следење пред нејзиниот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, полициски службеници од СВР Скопје на 18 ноември околу 20:00 часот, на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода Г.С. (32) од Скопје.

Приведувањето следувало по пријава од 23-годишна жена, која навела дека осомничениот ја вознемирувал на повеќе начини. Според нејзината пријава, тој ѝ се јавувал телефонски, ѝ испраќал пораки, ја следел пред нејзиниот дом, а во повеќе наврати тропал и на влезната врата од нејзиниот дом.

По добиената пријава, полицијата презела мерки и активности, по што осомничениот бил пронајден и приведен.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а истрагата треба да ги утврди сите околности и евентуалната кривична одговорност на приведениот.

Полицијата апелира граѓаните навремено да пријавуваат вакви случаи на вознемирување, следење или закани, со цел институциите да можат навремено да постапат и да спречат ескалација на насилството.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

To top