Бизнис

Голема американска делегација во посета на „Алкалоид“

Домаќин на делегацијата беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој истакна дека компанијата повеќе од шест децении гради успешна соработка со водечки американски фармацевтски компании

Како дел од пошироката регионална агенда на Владата на САД, насочена кон поттикнување на инвестициите и кон стратешко поврзување на американскиот капитал со водечките компании од Западен Балкан, висока делегација составена од претставници на Владата на САД, партнерски организации и од институции оствари работна посета на „Алкалоид“ АД во Скопје.

Ентони Рандацо, Извршен директор во Канцеларијата за здравство и агробизнис при Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (DFC), придружуван од претставници на Амбасадата на САД во Скопје ‒ Барнабас Беркеланд, Економски офицер, Шеф на економскиот оддел, и Розита Мреношки, политичко-економска асистентка ‒ како и од Јелена Арсовска, Извршна директорка на Американската стопанска комора во РСМ, ги обиколи производствените капацитети на компанијата, Институтот за истражување и развој и Музејот на „Алкалоид“ во рамки на работната посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

Домаќин на делегацијата беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој истакна дека компанијата повеќе од шест децении гради успешна соработка со водечки американски фармацевтски компании, а од почетокот на 2000-тите години развива партнерства со американски мултинационални брендови, како Aveda, Arbonne International и Swanson, снабдувајќи ги со премиум билни производи.

– Посетата на делегацијата од САД претставува значајна потврда за квалитетот и за конкурентноста на ‘Алкалоид’, како и за нашата долгорочна ориентација кон нови деловни релации. Тековната соработка со водечките американски компании во фармацевтскиот сектор, како Medtronic, MSD и други, како и со мултинационални брендови од САД во сегментот билкарство, е од особена важност за ‘Алкалоид’ со оглед на фактот дека станува збор за исклучително голем и конкурентен пазар, којшто се одликува со строго регулирани правила и со високи стандарди во поглед на квалитетот и на целосната усогласеност со регулаторните барања – нагласи Мукаетов.

Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (U.S. International Development Finance Corporation/DFC) е развојна финансиска институција на Владата на САД со капацитет за заеми од 205 милијарди долари и со портфолио од над 40 милијарди долари во повеќе од 100 пазари во развој, вклучително и со 8,4 милијарди долари активна изложеност во Европа и во Централна Азија. Институцијата нуди финансиски инструменти, како долгорочни заеми и гаранции, сопственички вложувања и осигурување од политички ризици, со фокус на сектори како критични минерали, модерна инфраструктура, енергија, здравствени услуги и технологија, безбедност на храна и агробизнис.

Ентони Рандацо e Извршен директор за импакт-финансии при Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (DFC), директно задолжен за секторите здравство и агробизнис, со фокус на зајакнување на здравствените системи и на развој на одржливо земјоделство.

Посетата е дел од пошироката регионална агенда на Владата на САД насочена кон поттикнување на инвестициите и кон стратешко поврзување на американскиот капитал со водечките компании од Западен Балкан.

Живко Мукаетов е член на Одборот на директори на македонската подружница на Американската стопанска комора од ноември 2023 година, каде што, во рамки на својот втор мандат, ја извршува функцијата прв потпретседател.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top