Свет

Мора да е Албанецот, тој секогаш се прикрадува од зад грб (ВИДЕО)

Додека белгискиот премиер се подготвуваше да даде изјава пред медиумите, зад говорницата помина Еди Рама, кој застана и со едната рака срдечно го прегрна Де Вефер

Една неформална и комична ситуација меѓу албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега, Барт де Вефер за бреме на состанокот на лидерите на државите од „Коалицијата на волните“, што се одржа во Берлин, го привлече вниманието на новинариите и смеа кај присутните.

Додека белгискиот премиер се подготвуваше да даде изјава пред медиумите, зад говорницата помина Еди Рама, кој застана и со едната рака срдечно го прегрна Де Вефер.

Белгискиот премиер во истата секунда духовито искоментира: „Ова мора да е Албанецот. Тој секогаш се прикрадува од зад грб“, предизвикувајќи општа смеа кај присутните новинари и камерите.

Најнови вести од: Свет

To top