Бизнис

Градење иднина: Практични вештини за новата генерација

Настанот има за цел да го отвори дијалогот за подготовка на средношколците и студентите за динамичниот пазар на труд и професиите на иднината, со посебен фокус на унапредување на практичната обука преку дуалниот модел на образование.

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Македонија“, организира конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.

Конференцијата ќе се одржи на 18 ноември 2025 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во хотел „Александар Палас“ – Скопје.

Настанот има за цел да го отвори дијалогот за подготовка на средношколците и студентите за динамичниот пазар на труд и професиите на иднината, со посебен фокус на унапредување на практичната обука преку дуалниот модел на образование.

На настанот ќе се обратат:

• Антони Пешев, извршен директор, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

• Михал Харари – заменик шефот на МИСИЈАТА НА ШВАЈЦАРИЈА

• д-р Весна Јаневска, МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на конференцијата, во 9:50 часот.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top