Бизнис

Интервју: Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар

Отворање на новиот, модерен ЏАМБО маркет во рамките на новоотворениот „Gevgelija Mall“ ја позиционира Гевгелија на мапата на современи шопинг дестинации во регионот. За значењето на оваа инвестиција, уникатниот концепт кој комбинира семејно искуство и практичност, како и идните планови, разговараме со Петар Денковски, генерален директор на ВЕРО и Џамбо маркетите во Македонија.

Господине Денковски, деновиве Гевгелија е во фокусот на јавноста со отворањето на новиот современ трговски објект, каде е сместен и новиот Џамбо маркет. Што претставува ова отворање за компанијата и како се вклопува во вашата долгорочна стратегија?

  • Ова е навистина значаен момент за нас, бидејќи пишуваме ново поглавје во нашата деловна приказна. Оваа инвестиција доаѓа како природен и логичен след на исклучително успешните приказни кои компанијата веќе ги изгради во Скопје, Тетово, Куманово и Битола. Со маркетот во Гевгелија, не само што го реализираме ветеното пред македонските потрошувачи за континуирано проширување на модерната продажна мрежа низ целата територија, туку и јасно ја потврдуваме својата цврста позиција на сериозен странски инвеститор. Овој стратешки потег е најава за наше многу посилно присуство во југоисточниот регион, каде наскоро планираме да стартуваме и со други инвестиции. Ние цврсто веруваме во потенцијалот на домашниот пазар и преку вакви капитални проекти активно вложуваме во неговиот напредок, правејќи ги нашите долгорочни стратешки планови реалност, вели за Фактор, Петар Денковски, генерален директор на ВЕРО и Џамбо маркетите во Македонија.

– За нас Гевгелија не е само локален центар, таа е економска порта на државата. Нашите планови се вклопија во визијата на инвеститорот на трговскиот центар, затоа што анализите покажаа дека на овој регион му недостасуваше токму ваков тип на организирано шопинг искуство. Влеговме во инвестицијата со двојна цел, првенствено да им понудиме на гевгеличани модерно шопинг искуство, но и да го искористиме потенцијалот на прекуграничната соработка. Очекуваме овој објект да биде привлече локални купувачи во овој регион, посетители од соседна Грција, кои се традиционално лојални на брендот Џамбо, но патниците кои транзитираат низ коридорот 10. Со ова, Џамбо во Гевгелија станува повеќе од продавница – станува регионален шопинг хаб.

Објектот изгледа импресивно и има модерен концепт. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за капацитетот и што точно ќе можат да најдат купувачите во него?

– Новиот продажен простор се простира на импресивна површина од 3.000 метри квадратни и е дизајниран и уреден според највисоките стандарди за да понуди врвно шопинг искуство за целото семејство. Посетителите имаат ексклузивен пристап до богат асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи играчки, декорации, производи за домот и сезонски изненадувања. Концептот доследно го следи нашиот препознатлив идентитет и слоганот „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“, но во Гевгелија нудиме и значајна додадена вредност. Како посебна новина, во рамките на маркетот интегриравме и широко препознатлив асортиман од брендот ВЕРО. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите уникатна привилегија – да ги задоволат сите потреби за домаќинството на едно место, штедејќи драгоцено време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
  • Сакавме денот на отворањето да прерасне во вистински празник, а декември е месецот кога магијата на Џамбо најмногу доаѓа до израз. Организиравме целодневна семејна атмосфера исполнета со богата забавна програма. Свеченото отворање беше закажано точно на пладне, паралелно со отворањето на самиот трговски центар „Gevgelija Mall“. Посебно внимание посветивме на најмладите, со маскоти, цртање на лице и игри. Сликата од отворањето беше исполнета со насмевки и детски џагор, а посетеноста во овие први денови ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, што ни покажува дека Гевгелија навистина го чекаше овој бренд.

Во Гевгелија првпат внесовте новина во концептот на Џамбо преку интегрирање на асортиман од ВЕРО во маркетот. За каков концепт станува збор?

  • Токму така, тоа е една од новините на кои сме особено горди. Како посебна иновација, во рамките на маркетот интегриравме и широко препознатлив асортиман од брендот ВЕРО. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите уникатна привилегија да ги задоволат потребите за домаќинството, грицки, пијалаци и основни намирници на едно место, додека пазаруваат за домот или избираат подароци. Идејата е да штедиме драгоцено време на нашите купувачи, нудејќи им го квалитетот на двата силни бренда под еден покрив. Повеќе на порталот Фактор.мк.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top