Бизнис

Инвестициите клучни за одржлив развој – што прогнозираат економистите до крај на 2025-та?!

Годинава, според економските аналитичари, ќе заврши со раст на БДП за 3,2%. Третото тромесечје испорача пораст од 3,8% што на Владата и даде аргумент да ја вброи земјава во трите водечки европски економии. Како ќе заврши економската 2025-та ќе се знае по истекот и на последниот квартал што веќе го „ситниме“, но според таргетот, годинава […]

Годинава, според економските аналитичари, ќе заврши со раст на БДП за 3,2%. Третото тромесечје испорача пораст од 3,8% што на Владата и даде аргумент да ја вброи земјава во трите водечки европски економии. Како ќе заврши економската 2025-та ќе се знае по истекот и на последниот квартал што веќе го „ситниме“, но според таргетот, годинава треба да заврши со 3,5% раст на БДП . Во меѓувреме економистите прогнозираат дека во оваа 2025-та растот на БДП ќе изнесува 3,2%, пренесе Локално.мк.

Според аналитичарите, за одржлив раст и развој, клучни ќе бидат домашните и странските инвестиции.

  • „Умерените инфлациски движења, растот на платите и пензиите ќе придонесат за зголемена куповна моќ на населението и заедно со кредитирањето би придонеле за раст на личната потрошувачка, што би се одразило позитивно врз економската активност. Посебно се истакнува важноста на јавните инвестиции во инфраструктурни проекти за економијата“ – се наведува во најновата Анкета на НБМ со која се опфатени ставови на економските аналитичари.
Локомотива на економскиот раст е градежништвото, бруто инвестициите испорачаа двоцифрена стапка на пораст но тоа е „променлива“ компонента која треба да се следи – оценија од „Фајнас Тинк“.

Во предлог-буџетот за 2026-та Владата ја ревидираше стапката на економски раст за годинава во надолна линија, од 3,7% на 3,5%. Следната година според новите буџетски прогнози растот на БДП ќе изнесува 3,8%.

  • „Главниот двигател на растот е предвидено да биде домашната побарувачка, во услови на раст на брутоинвестициите и потрошувачката. Бруто-инвестициите е предвидено да се зголемат за 8,4% на реална основа, во услови на поинтензивна реализација на големите инфраструктрни проекти во јавниот сектор кои се во понапредна фаза, пред се коридорите 8 и 10д, како и инвестициите во железничкиот транспорт, енергетиката, земјоделството, образованието и здравството. Дополнителен двигател на бруто-инвестициите ќе биде и поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции“ – се наведува во Буџетот за 2026-та кој е во собраниска процедура.

За разлика од Владата која најавува забрзување на темпото на економски раст, опозиционерот Фатмир Битиќи на собраниска дебата за буџетските политики посочи дека следната година се крати на капиталните инвестции кои треба да бидат столбот на економскиот раст.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top